(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Советник од Град Скопје и бизнис партнер на Макрадули добил тендер од 200.000 евра

Од:

Фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ од Скопје во сопственост на советникот во Град Скопје од СДСМ Бојан Ивановиќ и бизнис партнер на Јани Макрадули доби бизнис од 11.800.000 денари од Фондот за иновации, изјави Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека премиерот Заев преку директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски дале 11.800.000 денари за агенцијата која ќе треба да организира настани, односно да обезбедува озвучување, папки, пенкала и други пропратни работи за организација на настан.

„Ова е бизнис од 11.800.000 денари, односно околу 200.000 евра кој власта на Заев преку Јован Деспотовски му ги додели на Бојан Ивановиќ, бизнис партнерот на Јани Макрадули во фирмата „Смарт Агенда“ и советник во Град Скопје од страна на СДСМ. Од документите се гледа дека договорот е склучен на 21.09.2020 година, со рамковна спогодба, без претходно распишан јавен оглас за набавка на бараната услуга. Кои се критериумите по кои била избрана фирмата на Ивановиќ?! Дали неговото партнерство во друг бизнис со Јани Макрадули е фактор за избор на фирмата за оваа голема зделка?! Или пак фактот што истиот е советник во Град Скопје и близок до Петре Шилегов?!“, праша Нелоски, нарекувајќи го овој чин „расипништвото на сметка на џебот на граѓаните, на сметка на фирмите и функционерите на власта и нивните пријатели“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче е главниот лик во аферата „Провизии кои чинат животи“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче ја уништија надежта, немаат кредибилитет да зборуваат за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката на СДСМ е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче дозволил изградба на 16 модуларни болници кои не исполнуваат минимални стандарди

Горан Наумовски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ