Повик до државниот секретар Кери да побара почитување на верските права од Грција

Од:

Обединетата македонска дијаспора, заедно со група национални, верски и образовни институции, денесka упати повик до државниот секретар Џон Кери да го постави на агенда прашањето на кршењето на правата на слобода на вероисповед во Грција.

Во писмото, кое покрај ОМД е потпишано од Федерацијата на Туците од Западна Тракија, Руската православна автономна црква од Америка, Сојузот на Евреите од поранешниот Советски Сојуз, Институтот Вен и други организации, се предупредува дека во Грција нема ниту формална поделба на црквата од државата и се кршат поголем број меѓународни конвенции.

– Врвен пример на злоупотреба на верските права на македонското православно малцинство е долготрајната борба на архимандрит Никодим Царкњас. Почнувајќи од раните 1990-ти години, архимандрит Царкњас бил малтретиран, тепан, казнуван и апсен поради неговото поддржување на верските права на македонското православно малцинство во Грција, при што во еден случај бил тепан пред судница, веројатно поради тоа што носел облека поврзана со македонската православна црква. Зачудувачката е и кампањаta која ја води грчката држава, преку грчкиот православен митрополит Антимос од Солун, која е насочена против етничкото македонско малцинство во Грција.

Антимос преку телевизија повикува на насилство против Македонците во Грција, а во проповед во Солун на 14 август 2011 година тој ги повика со автобуси да тргнат и да го уништат местото каде е планирана македонска радио-станица, пишува во писмото упатено до државниот секретар Џон Кери, од кого се бара да ја повика Грција да ја ратификува Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства и да обезбеди верски права за сите заедници во Грција.

Во Вашингтон во тек е глобална конференција за дијаспората, редовен настан организиран со поддршка на Стејт департментот, на кој учествуваат претставници на дијаспорите во САД од голем број држави и заедници од светот.

Во Обединетата македонска дијаспора, во рамки на конференцијата, вчера беше организирана тркалезна маса со учество на повеќе амбасадори од регионот и претставници на Стејт департментот, Атланскиот совет, фондацијата Херитиџ и други институции кои имаат програми за соработка со дијаспората.

Во текот на настаните поврзани со глобалната конференција на дијаспорите, повеќе национални дијаспори од Балканот поднесоа свои идеи. Хрватската дијаспора покрена иницијатива претседателот Обама да именува свој пратеник на Балканот. Иницијативата е поднесена во Сенатот од страна на Марк Бегиќ, сенатор од Аљаска со хрватско потекло, кој бара пратеникот на претседателот да биде задолжен пред се за спроведување на Дејтонскиот мировен договор во Босна, но и за други балкански прашања. Овој пратеник би работел заедно со Европската Унија, НАТО, за да обезбеди еднаквост на сите народи и граѓани во Босна и почнување на интеграциите на оваа земја во НАТО и во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски