Заев: Најсилна осуда за бруталноста на полицајците, вакви случаи нема да поминат без казна

Од:

Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, објави денеска премиерот Заев на Фејсбук.

Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е…

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 24 септември 2020

– Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста, наведува Заев во објавата.

Премиерот истакнува дека за поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан и очекувадека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.

– Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна, додава премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци

Полициските службеници им го „расчистуваа“ патот на шверцерите на луѓе

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он