„Езеро и мост Трамп“: Срби од Косово му се заблагодарија на американскиот претседател за поддршката

Од:

Срби од северниот дел на Косово денес поставија големи транспаренти на Брњачкиот мост и на браната на вештачкото езеро Газивода која ги поврзува Косово и Србија.

На транспарентот кој стои на браната пишува „Езеро Трамп“, а на мостот има порака која гласи: „Претседателе Трамп, косовските Срби Ви заблагодаруваат што воспоставивте мир“.

Преку овој чин, тие испратија порака за поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп кој според нив придонел за воспоставување на мирот и развојот во овој регион како и за сите негови залагања за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Гестот на косовските Срби доаѓа откако во Белата куќа со посредство на Доналд Трамп беше склучен договор за нормализација на економските односи помеѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија