(ВИДЕО) Белград по стапките на Скопје од времето на Коце: засадени палми на Калемегдан

Од:

За првпат во историјата на Белград, засадени се палми на јавна површина во кругот на тврдината Калемегдан, а потегот на градските власти, кој веднаш буди сеќавања на идеите на поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, e една од главните теми во српската јавност.

Јавното претпријатие „Зеленило Белград“, со мала свеченост го одбележа засадувањето на садниците од Шпанија во павилјонот „Цвијета Зузориќ“ на Калемегдан. Палмите се со висок квалитет и одлично поднесуваат температури до -15 степени, велат од претпријатието.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат со хумор, но и со критики кон градските власти за потегот, кој се гледа како непотребно трошење пари на егзотични дрвја, во време кога големи делови од Белград немаат канализација.

Други корисници на Твитер ги поврзуваат новозасадените палми со мега-проектот „Белград на вода“, велејќи дека палмите се подготовка за плажите кои ќе никнат еден ден во српската престолнина.

Градските хортикултуристи избрале примероци со височина од 3.5 метри и еднаков раст, а палмите се засадени во два реда „за да се нагласи влезот во паркот Калемегдан и пристапот кон павилјонот“.

Од Градот објаснуваат дека поради климатските промени, зимите во Белград станале благи и без екстремно ниски темпратури, па со тоа се отворила можност да се засадат палми, кои досега не биле карактеристични за ова поднебје.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија