Тројца членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица по 146 дена се вратија на Земјата.
Канаѓанецот Крис Хадфилд, Американецот Том Маршбрн и Русинот Роман Романенко се спуштија на земјата со капсула на Сојуз во степите на Казахстан во два часот и 31 минута по Гринич.
Во Меѓународната вселенска станица сега има тројца членови од вкупно шестчлениот екипаж. По две недели ним ќе им се придружат тројца нови членови.