Тутунарите реагираат на исплатата на субвенциите

Од:

Дел од тутунопроизводителите што го имаат предадено тутунот во Струмица Табак реагираат на исплатата на субвенциите. Според нивната математика, субвенцијата не изнесува по 60 денари за килограм.

„Јас предадов 3.670 тони тутун , а добив 197 илјади денари, или 23 денари помалку. Речиси сите во село Конче го имаат овој проблем. Се обративме до Тутунскиот комбинат Струмица Табак од каде не известија дека грешката е настаната поради погрешните податоци кои овој комбинат ги има пријавено во Платежната агенција“, вели тутунопроизводител од село Конче Радовишко

Нашите информации велат дека денеска правниците од Струмица Табак, се во Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, каде што ќе се усогласат количествата на предаден тутун и дека секој тутунопроизводител во наредните неколку дена, ќе добие субвенции колку што му следуваат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи