(ВИДЕО) Абазовиќ во црногорскиот парламент: Нема место за реваншизам, само за правдата и за вистината

Од:

„Не треба да ја продолжиме политиката на кавги. Нема место за реваншизмот, има место за правдата, вистината, Уставот и законот,“ рече денеска во црногорскиот парламент Дритан Абазовиќ, лидерот на движењето Црно на бело, кое ќе биде дел од новата владејачка коалиција во земјата.

На денешната седница на парламентот беше постигната согласност кај мнозинството околу изборот на Алекса Бечиќ за нов спикер, со што се отвори простор за формирање на новата влада, за која, според најавите, мандатар ќе биде Здравко Кривокапиќ.

Во својот впечатлив говор пред пратениците, Абазовиќ се осврна и на неодамнешната средба на лидерите на победничките коалиции со митрополитот на СПЦ Амфилохије, одржана во манастирот Острог, порачувајќи дека со задоволство бил таму, затоа што и манастирот, и црквите и џамиите ги чувствува како свои.

„И манастирот Острог и катедралата Свети Трифун и Хусеин-пашината џамија се мои места. Бев да разговарам со луѓето во Острог. Можеби вие сте навикнале да се договарате во „Сплендид, „Хилтон“ или во „Рамада,“ да си носите кеси едни на други или да бидете поткупени. Јас тоа не сум го правел и никогаш нема да го правам,“ рече Абазовиќ, обраќајќи им се на пратениците на досегашната владејачкат партија ДПС на Мило Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора