СДСМ: Мицкоски е на страната на неправдата и криминалот, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, политички терор и реваншизам

Од:

„Вечерва се случи уште едно фијаско на губитникот Христијан Мицкоски и неговите приврзаници во обид да го одбранат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ,“ велат од Социјалдемократскиот сојуз по вечерашниот протестен марш во Скопје организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Исплашени од одговорност и неселективното владеење на правото Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застанаа зад неправдата и криминалот.

Вечерва нервозниот Мицкоски и неговите приврзаници застанаа зад насилниците кои на 27 април се обидоа да убиваат пратеници во Собранието, застанаа зад осудени криминалци и извршители на Никола Груевски, како Гордана Јанкуловска.

Ако навистина е за правда и владеење на правото, Мицкоски ќе ги повикаше своите соработници против кои се водат предмети и истраги, да се соочат со одговорноста, а не како вечерва да се обидува да врши притисоци врз судството и обвинителството, како во мрачните години на режимот.

Нема поголемо лицемерие од тоа Мицкоски да зборува за слободата на медиумите кога токму неговата партија апсеше и затвораше новинари, вршеше упади во медиуми и системски корумпираше медиуми.

Нема поголемо лицемерие тој да зборува за притисоци врз администрацијата кога токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше невидени притисоци врз вработени во јавната администрација.

Мицкоски е неуспешен бранител на криминалот и неправдите, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, на политички терор, реваншизам и „Сваровски“ судство. Граѓаните тоа многу добро го знаат и затоа му испорачаа три силни порази на изборите на Мицкоски и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски останува на страната на неправдата и затоа останува во опозиција уште долго време,“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност