Мицкоски од вечерашниот протест: Мора да има одговорност за незаконски прислушуваните разговори

Од:

Од зградата на Министерството за правда до пред Кривичниот суд Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го одржа протестниот марш против, како што најави, „неправдите, реваншизмот и политичкото насилство“. Учесниците во тек на протесниот марш постојано скандираа: „Слобода, оставка, мафија на робија”.

Партискиот лидер Христијан Мицкоски во својот говор пред учесниците на протестот рече дека „правдата во Македонија е нападната“, истакнувајќи дека „селективната правда денес во Македонија е неправда“.

– Ништо не се смени за овие четири години под мафија. Тие како пред четири години, така и денес, ветуваат исти работи. Ќе имало правда, ред, дисциплина. Ова влада нема решение за проблемите кои денеска се тешка сурова реалност. Една помината ноќ на невин човек во затвор е потешка од десет години на робија на криминалец. Во затворите има луѓе кои се таму поради политички прогон, а овие за кои Заев велеше дека се криминалци, денеска гледаме дека се најблиску до него. Целта е едноставна. Двете мафии, онаа на Заев и онаа која му се покори да му служи сакаат да имаат две партии, каде сложно ќе договараат кога да се смени власта, а тоа е кога нив им одговара, рече Мицкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се покорила.

Мицкоски од овој протестен марш му упати и неколку барања на премиерот Зоран Заев, од кои едно беше и тој да го одржи ветувањето дадено во времето кога беше во опозиција и да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен јавен обвинител кој „ќе го исече од корен криминалот“.

– Ова не би требало да биде пречка за Заев, бидејќи истото го предлагаше пред да дојде на власт. Второ, под итно да се спречи реваншизмот, да престанат притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската и Министерсвото за внатрешни работи. На сите тие кои се обесправени, ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Државата во моментов е без Комисија за заштита од дискриминација. Најитно да се формира оваа Комисија и да се донесе новиот Закон за заштита од дискриминација. Мора оние кое се подложни на уцени и закани да бидат заштитени. Сите предмети кои се познати по јавноста, сите предмети за криминал за кои власта сега молчи, ќе бидат отворени и предмет на ревизија. Не може во Македонија да владее правото ако не се открие под чиј налог и под чија наредба беа незаконски прислушувани илјадници наши сограѓани, мора да се знае и затоа да се сноси одговорност тој што ја дал таа наредба, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, не може да има владење на правото ако не се открие кој и зошто „ги полнеше кутите на референдумот, каде имаше избирачки места со излезеност поголема од 99 проценти“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски