Грција ќе ги апси сите кои го поттикнуваат движењето против заштитните маски

Од:

Таканаречените „антимаскери“ во Грција, без разлика дали се активни преку протести или на интернет, веднаш ќе се апсат, поради делото „поттикнување непослушност“, а според Кривичниот законик им се заканува казна затвор од една година или парична казна, согласно циркуларното писмо испратено од обвинителот од Врховниот суд на Грција до Обвинителствата во целата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Дописот за почитување на законите, заштита на граѓаните и мерките за Ковид-19, потпишан од обвинителот Василис Плиотас, е поради „ индивидуалните неодамнешни случаи, кои сепак продолжуваат да се појавуваат од лица кои не се согласуваат со мерките преземени од државата за справување со опасноста од ширење на коронавирусот („движење против маска“) и предизвикуваат логична загриженост кај луѓето што ги почитуваат мерките и кај грчкото општество“.

Обвинителот додава дека кога се исполнети законските услови, односно кога оние кои се спротивставуваат на законските мерки и даваат свои теории за употребата на маската, тогаш постои обврската да се покрене кривично дело.

Во изминатиот период, особено на почетокот на месецов во пресрет на почетокот на новата учебна година се појавија групи и движења на социјалните мрежи. кои одржаа и протести во повеќе делови на Грција против задолжителната употреба на маска за учениците.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески