Гинеколог „тезгарел“ во стан

Од:

Познат лекар од државната клиника за Гинекологија, инспекторатот бил фатен на лице место како врши гинеколошки интервенции во приватна здравствена установа сместена во стан, јави порталот „Здравство.мк“.

Тој е трет лекар кој за неколку дена беше фатен од инспекторите како работи нелегално и спротивно на законот. Согласно законските прописи, тој може да заврши на дисциплинска во установата каде е вработен, а ќе добие и забрана да работи во приватни здравствени установи. Нема да се извлече и приватната ординација која го ангажирала докторот.

Вчера клуч на врата во период од 30 дена добија дијагностичката лабораторија „Хистолаб“, како и дерматолошкиот оддел во „Промедика медикал центар“. Во првата, професор од Онкологија иако не бил вработен во лабораторијата, нудел услуги, а работел и спортивно на Законот за дополнителна дејност. Во втората установа на лице место била фатена лекарка од Пластична хирургија како изведувала реконструктивни зафати иако установата не била регистрирана за тоа.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!