Заев: Потребно е да продолжи фокусот за решавање на прашањето за Црквата

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска во врска со писмото до вселенскиот патријарх Вартоломеј, во кое уште еднаш бара од него да се заложи за признавање на афтокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, истакна тоа потребно е да продолжи фокусот на решавањето на ова прашање.

Заев на заедничката прес-конференција со новиот евроамбасадор Дејвид Гир, одговарајќи на новинарско прашање рече дека писмото не претставува никаков дефокус и оти вниманието исто така е насочено и кон отвореното прашање со Бугарија, односно решавањето на следниот историски период којшто треба да биде пред нас.

-Прво сметаме, во координација со МПЦ којашто ја консултиравме дека после завршувањето на изборите во Република Северна Македонија, дека е добро да испратиме писмо до светскиот патријарх Вартоломеј за да продолжи фокусот на решавањето на ова прашање. Како што знаете, јас и тогашниот премиер Оливер Спасовски, сегашен министер за внатрешни работи, направивме на почетокот на годината посета на Истанбул и на Патријаршијата каде што разговаравме за ова прашање и навистина во содржината на писмото го гледате тој повик, рече Заев.

Заев во писмото потсетува на нивната средба во Истанбул на која беше побарана асистенција и заложба на вселенскиот патријарх за Македонската православна црква – Охридска архиепископија да биде признаена како автокефална и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

– Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот, се вели во писмото на премиерот Заев до неговата светост, патријархот на Цариградската патријаршија, Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Пред два дена писмо до вселенскиот патријарх во кое се бара прзнавање на афтокефалниот статус на МПЦ-ОА упати и претседателот Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски