МВР достави известување до Обвинителството за инцидентите со навивачите

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје во изминатите денови интензивно работеше на расчистување на двата настани во кои беа инволвирани навивачки групи и други граѓани во Скопје, на подрачјето на ЕВР Центар и ЕВР Ѓорче Петров, на 13 и 19 септември и денеска до надлежното јавнообвинителство достави соодветно известување.

Беа преземени сеопфатни мерки и активности во насока на расчистување на инцидентите, утврдување на фактите во врска со настаните и идентификација на инволвираните лица во нив, преку обезбедување на видео записи, разговори со лица инволвирани во настаните и др. Во полициска станица беа повикани 16 лица, а се преземаат и дополнителни мерки во оваа насока, велат од МВР.

„Притоа, за сите досега преземени мерки и активности согласно Законот за кривичната постапка до Основното Јавно
обвинителство во Скопје е доставено Известување за настанот од 19.09.2020, додека за настанот од 13.09.2020 известување ќе биде доставено во текот на утрешниот ден. По завршување на мерките и активностите согласно добиените наредби од Основното јавно обвинителство во Скопје и по комплетирање на документацијата ќе биде доставен соодветен поднесок согласно Законот за кривична постапка, за што дополнително ќе известиме,“ информираат од полицијата.

МВР апелира до сите навивачки групи и до сите граѓани да се воздржат од упатување пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини, што е казниво согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и согласно Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Инцидент на лет кон Скопје: Словачки навивач e приведен, на десетмина им е забранет влез во Македонија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Фудбалери на Ница нападнати од незадоволни навивачи – завршија на боледување

А1он