Словенија издава поштенски марки „со вкус на море“

Од:

Словенечката пошта најави дека на есен ќе издаде четири поштенски марки со мотиви на морски риби, кои ќе бидат покриени со тенок слој на сол од единствената словенечка солана Сечовље.

Иницијативата за издавање поштенски марки „со вкус на сол“ ја даде пиранскиот филателист Митја Јанчар, кој со дизајнерот Матјаж Учакар и автор на серијата на која ќе бидат прикажани морски организми, пренесе интернет порталот „Business.hr“.

– Солените поштенски марки ќе бидат светска вест, рече Јанчар и додаде дека на идејата за промоцијата на Словенија преку морската сол од Пиран дошол кога исландската пошта издаде марки со вулкански пепел како и кога Мароко издаде серија марки посипани со песок од својот дел на Сахара.

– Марките со вкус на море ќе бидат издадени во септември. Уверен сум во одличниот промотивен учинок за Словенија и Пиран, рече Јанчар.

Заменичката на градоначалникот на Пиран Меира Хот оцени дека со претставувањето на риби на поштенските марки се зајакнува медитеранскиот имиџ на земјата, која вообичаено се промовира како средноевропска дестинација.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски