Игор Јанушев веќе не е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, партијата избра нов Извршен комитет

Од:

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се повлекува од партиската функција, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по вечерашната седница на Централниот комитет, на која партијата избра нови членови на Извршниот комитет.

„Поради лични причини се повлече Игор Јанушев, но тој ќе продожува да придонесува и помага во ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Му се заблагодарувам за досегашниот ангажман“, рече Мицкоски.

Новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го сочинуваат: Александар Николовски, Владимир Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриеска Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонио Милошоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски