Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска по повод Меѓународниот ден на мирот изјави дека неговата земја е горда затоа што претставува важен фактор за мирот и регионалната стабилност.
Тој на Твитер напиша дека Црна Гора се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот.
„Да ги зајакнеме дијалогот и толеранцијата и заедно да го обликуваме мирот“, напиша црногорскиот претседател и додаде дека за стабилност на Балканот е потребна интеграција во ЕУ.
?? se pridružuje obilježavanju #InternationalDayOfPeace.Jačajmo dijalog i toleranciju i oblikujmo mir zajedno.
Ponosni što je ?? važan faktor mira i kontributor regionalne stabilnosti.
Integracija u ?? = Mir i stabilnost na Balkanu#PeaceDay2020#75UN https://t.co/i86kHqcUaS— Milo Đukanović (@predsjednik_cg) September 21, 2020
Обединетите нации го утврдија 21 септември за Меѓународен ден на мирот со цел да се подигне свеста за важноста од воспоставување и одржување на мир меѓу луѓето и нациите во светот.