Лестер го победи Барнли со 4:2 во вчерашниот дуел од 2. коло во Англиското фудбалско првенство. Во воведното коло, „Лисиците“ го совладаа Вест Бромвич со 3:0. Така, на првите два натпревари од шампионатот, Лестер постигна седум голови.
Ова е трет ваков ефикасен почеток на сезоната во историјата на клубот. Претходниот пат тоа се случи пред 87 години. Во сезоната 1926/27, Лестер постигна 8 гола, во сезоната 1933/34 – 7.
Двете сезони не му донесоа сериозен успех: 7. и 17. место на крајот.