Спроведувањето на договорите склучени со Приштина и Белград се главните приоритети на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави во неделата специјалниот претставник на Белата куќа за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, пред да пристигне во Србија и Косово оваа недела.
„Се гледаме во Приштина и Белград оваа недела“ – напиша Гренел на својот Твитер профил.
Implementing the agreement made by Kosovo and Serbia is a top priority for the Trump Administration. See you in Pristina and Belgrade this week! https://t.co/C1i6vViRTP
— Richard Grenell (@RichardGrenell) September 20, 2020
Делегација на американската влада предводена од Адам Болер, извршен директор на Меѓународната финансиска корпорација за развој (ДФЦ), ќе ги посети Атина, Приштина, Белград и Ерусалим до крајот на неделата за да промовира економска соработка и развој, заедно со делегацијата ќе биде и специјалниот претставник на Белата куќа Ричард Гренел, дознава Танјуг.