Тимот на Тотетнхем кој в четврток гостува во Скопје против Шкендија, попладнево забележа убедливата победа на гостувањето кај Саутемптон со 5:2.
Најдобар играч на натпреварот беше Хунг-Мин Сон кој постигна четири гола. Покрај Сон за гостите од Лондон погоди и Хари Кејн.
За избраниците на Жозе Мурињо ова е прва победа во новата сезона од Премиер лигата.
„Спарс“ в четврток ќе играат со Шкендија во третото коло од квалификациите за Лига Европа.