Ливерпул го комплетираше трансферот на Диого Жота, кој потпиша за 5 години со англискиот шампион и го зеде бројот 20.
„Црвените“ се договорија за трансферна сума од 40 милиони фунти, на која може да се додадат уште 5 милиони. Сепак, бидејќи дефанзивецот Ки-Јана Ховер замина во спротивна насока, за 9 милиони плус 4,5 дополнително, во пракса цената на Жота е околу 30 милиони.
– Ова е многу возбудливо време за мене и за моето семејство. Ливерпул е еден од најголемите клубови во англискиот фудбал, па затоа е невозможно да му се каже „не“. Јас сум тимски играч и мојата цел ќе биде да го поддржам тимот на најдобар можен начин, прокоментира Португалецот.
Со неговото пристигнување, Јирген Клоп ги засили сите редови на неговиот тим откако Костас Цимикас беше земен во одбрана, Тиаго Алкантара е одлична опција во средниот ред, а Жота сега ќе донесе друга опција во нападот.