Јужноафриканскиот атлетичар со двојна ампутација на нозете, Оскар Писториус е на прагот да изврши самоубиство, открија неговите блиски пријатели за домашните медиуми.
Според нив, атлетичарот се наоѓа во тешка депресија по извршеното убиство на својата девојка Рева Стенкамп и вее неколку пати им кажал дека не сака повеќе да живее.
Тоа го демантира семејството на Писториус, но еден од пријателите го потврди ова и за ББЦ кој последната недела прави документарец за спортистот.
Против Писториус во моментов се води кривична постапка за убиство со умисла, но тој со кауција излезе од притвор и доби можност да се брани од слобода.