Заев за Гоце Делчев: Постои решение од кое двете страни ќе излезат победници

Од:

Верувам во европска Бугарија, убеден сум дека ќе изнајдеме решение, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата.

„Ова е шестата историска личност за која треба да разговараме. Четвртото историско поглавје кое е пред нас “, рече Заев.

Првата меѓувладина седница на Македонија и Бугарија се очекува некаде околу крајот на годината.

„Напоменувам актуелен, модерен, меѓународно интегриран и со изучување на универзитетите, македонскиот јазик, симбол на нашиот идентитет. Европска вредност е самоопределувањето. Верувам во европска Бугарија и знам дека ги поддржуваат европските вредности“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање за бугарскиот меморандум испратен до членките на Европската Унија, со кои Бугарија го наведува македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот.

Заев нагласи дека идентитетските прашања треба да бидат надвор од било какви разговори.

„Мојот пријател премиерот Борисов, се обраќа кон македонскиот народ, зборува дека постои македонски јазик и тука нема дилеми. Остануваме пријателски насочени, затоа што низ пријателството можеме да ги решаваме сите проблеми“, рече Заев.

Во меѓувреме, Македонија и Бугарија се организатори, односно домаќини на Берлинскиот процес.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини