По средбите во Атина, вицепремерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во интервју за грчкиот весник “Вима“ изјави – во Атина не бев за да понудам или за да примам конкретен предлог за името.
Медиумот го презентираше интервјуто под наслов „Сакаме взаемно прифатливо решение колку е можно побргу“ и коментира дека „албанскиот вицепремиер изгледа особено отворен за компромис и подготвен да ја зацврсти соработката со Грција“.
“Морам да кажам дека не дојдов тука за да понудам или да примам некој конкретен предлог. Тоа ќе се случи во рамките на преговорите во ОНН. Но, овде сум повторно да потврдам дека нашата земја е целосно посветена на изнаоѓањето решение. И сметам дека оваа посета е чекор напред “ – изјавил вицепремерот Бесими.