Утре ќе биде презентирана платформата преку која ќе се одржува онлајн наставата

Од:

Министерството за образование утре ќе ја презентира платформата, велат оттаму откако претходно, не дадоа целосни одговори на прашањата од „А1он“ поврзани со онлајн алатката. Тие дополнуваат дека платформата пред да почне да се користи ќе биде тестирана од наставниците и од учениците.

„Министерството за образование и наука утре ќе ја презентира националната платформа“, велат на кратко од МОН.

Министерството тврди дека се обучуваат 1600 наставници за работа со националната платформа, која пак, според најавите на министерката Мила Царовска ќе биде со двосмерна комуникација меѓу просветните работници и учениците.

„МОН во соработака со ФИНКИ и Бирото за развој на образование веќе ги одржува обуките на наставниците кои се прават во три фази. Прво беа обучени 30 мастер тренери од редовите на наставниот кадар од основните и средните училишта, а во тек се обуките на 1.600 училишни обучувачи кои исто така се наставници. Овие училишни обучувачи понатаму ќе треба да го пренесат знаењето за користење на платформата на своите колеги во училиштата, одсносно на сите преостанати наставници во државата“, велат од Минситерството за образование за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови