Заев: Не сум правел никакви кафеански договори со Бучковски и Јакимовски, се е лага!

Од:

Кандидатот за нов лидер на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на шпекулациите изнесени во емисијата „Во центар“, за Либертас порекнува било какви средби по кафеани во Велес со Владо Бучковски, Стевчо Јакимовски и Цветанка Иванова без знаење на лидерот на партијата, Бранко Црвенковски, на неколку дена пред локалните избори.

– Ма какви кафеански средби, какви договори или заговори. Зошто ми се Бучковски и Јакимовски кога јас сето тоа што го мислам, отворено и слободно му го кажувам и на лидерот, и на партиските состаноци – вели Заев за Либертас.

Тој зборува и за неодамнешната информација за повлекување на кандидатурата.

– Точно е дека се изнервирав од се што слушав на Извршниот одбор и реков дека ќе ја повлечам кандидатурата, оти мене не ме интересира денот на конгресот, 2 јуни, туку партијата, ден потоа на трети, и нејзината моќ за рушење на оваа недемократска власт во државата – вели Заев.

Зборува и за времето кога Бучковски и Шекеринска беа кандидати за претседателското место во партијата, и открива дека тој отворено пред Бучковски, кој тогаш победи, велел дека иднината на партијата е во Шекеринска.

– Имам голем респект кон Црвенковски, а Радмила е умна, и затоа со задоволство би работел со неа, односно верувам, би функционирале одлично како тим – вели Заев.

Заев рече дека знае дека ја ужива подршката од голем број од членството, па затоа тој и Шекеринска остануваат во трката, и се надева дека СДСМ пак ќе биде силна партија.
Криво му е што брифинзите за случувањата во партијата во провладините медиуми, каде има и многу лаги и измислици, ги прават членови од СДСМ.

– Нашиот конгрес стана поактуелен во провладините медиуми, нормално, за да не се пишува или зборува за лошата економија, раскалашеноста на власта, и пред се прашањето околу името,  рече Заев за Либертас.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска