Полицијата во Кондово уапси член на групата што грабна и малтретираше сопственик на „Масерати“

Од:

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле претреси на две локации во скопско Кондово и притоа го лишиле од слобода С. И. (34), осомничен за кривично дело „грабнување“, соопшти МВР.

Уапсениот кондовец се сомничи дека бил член на групата која на 8 септември киднапирала гостиварец, сопственик на луксузен автомобил „Масерати“. Осомничените го терале оштетениот да му го препише автомобилот на еден од членовите на групата, поради наводен долг од 20.000 евра.

„СВР Скопје – Единица за насилен криминал претходно поднесе кривична пријава против Р.А.(32), Ј.И.(36), Б.Џ.(27), С.И.(34) и Л.Р.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик,“ соопшти денеска полицијата.

„На 08.09.2020 околу 22.00 часот на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај с.Глумово, во организација на првопријавениот и петтопријавената, третопријавениот и четвртопријавениот со патничко возило му го пресекле патот на Б.М.(34) од Гостивар, кој бил со своето патничко возило Масерати.

Им се приклучил и второпријавениот и сите заедно физички го нападнале Б.М., по што насилно го внеле во неговото возило и го однеле на автоплац во с.Кондово, сопственост на првопријавениот, каде повторно физички го нападнале. Прво, второ и третопријавениот, поради наводен долг од 20.000 евра, го присилиле оштетениот да влезе во возилото „бмв Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово, каде го присилиле да направи купопродажен договор за неговото возило „масерати“ да се префрли на име на првопријавениот,“ велат од МВР.

„По ова, тие го однеле оштетениот на бензинска пумпа кај с.Желино. По пријавување на настанот, СВР Скопје презеде мерки и бил извршен претрес во домот на првопријавениот, при што со потврда било одземено возилото „бмв Х5“, кое било користено при извршување на делото. Од слобода биле лишени второ и третопријавениот, а на разговор била повикана петтопријавената. На 10.09.2020, по претходен распишан распис, сам се пријавил првопријавениот и со него бил извршен разговор, по што бил задржан за понатамошна постапка, а денеска е приведен и С.И..

Би можело да ве интересира

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски

Македонски државјанин затвори во стан 71 годишник во Хрватска – му се закани дека ќе го убие

А1он

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Притвор за двајцата осомничени за грабнувањето кај Демир Капија

Горан Наумовски

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување