Сензација на Вембли: Виган го освои ФА купот

Од:

Екипата на Виган успеа да триумфира во ФА Купот откако вечерва на „Вембли“ во Лондон го совлада фаворитот Манчестер Сити со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше резервистот Бен Вотсон во 90+1 минута од натпреварот.

Во 84. минута Пабло Забалета од Манчестер Сити беше исклучен поради втор жолт картон.

Ова е најголемиот успех на Виган, кој во првото свое финале во ФА успеа да го освои пехарот.

Со ова Виган го повтори успехот на Вимблдон од пред 25 години кога во своето прво финале во ФА купот го освои пехарот.

Виган, кој се бори за опстанок во Премиер лигата избори пласман следната сезона да игра во Лига Европа на УЕФА.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска