Заев на ФБ: Голем интерес од медиумите во Грција и од регионот за Северна Македонија

Од:

Премиерот Зоран Заев утринава на својот Фејсбук профил напиша дека медиумите од Грција и од регионот покажале голем интерес за Северна Македонија и за постизборниот период.

Во статусот, Заев наведува дека за време на неговиот престој во Атина дал интервјуа за електронското издание на Си-еН-еН, за Топ Ченел од Тирана, за Та Неа, за Мега ТВ од Атина, за грчката програма на Еуроњуз и за други медиуми, во кои истакнал дека граѓаните во Северна Македонија знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми.

– Решавањето на отворените прашања дополнително го поттикна интересот на бизнис заедниците за поголема и подинамична соработка. Како политичари должни сме да овозможиме развој на заедничките бизнис иницијативи и инвестиции. Уште еднаш се уверив дека постои огромен интерес на сериозни и големи компании од Грција да соработуваат и да иницираат инвестиции од интерес на граѓаните на двете земји, напиша Заев.

На средбата со неговиот грчки колега Мицотакис, како што наведува во статусот, ќе разговара како да се поттикне поширока соработка меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев