Со двата гола на Френк Лампард екипата на Челзи ја победи Астон Вила со 2:1 во првиот и единствен денешен дуел од 37. коло во Премиер лигата.
Овие погодоци го искачија Лампард на првото место на вечната историска листа на стрелци за „сините“ од Лондон (вкупно 203 голови), но значат и освојување на три бода во битката за пласман во Лигата на шампионите.
На „Вила Парк“ во Бирмингем Астон Вила поведе со голот на Кристијан Бентеке во 15.минута, а Лампард пресвртот го направи со погодоците во 61 и 88.минута.
Утре на програмата се седум натпревари: Стоук – Тотенхем, Евертон – Вес Хем, Фулам – Ливерпул, Норвич – Вест Бромвич Албион, Квинс Парк Ренџерс – Њукасл, Сандерленд – Саутемптон и Манчестер Јунајтед – Свонси.
Двојките за последните две средби од оваа рунда во вторник се:Арсенал – Виган и Рединг – Манчестер Сити.
Табела: Манчестер Јунајтед 85 бодови, Манчестер Сити 75, Челзи 72, Арсенал 67, Тотенхем 66, Евертон 60, Ливерпул 55,…