Со посредство на Трамп, потпишани историските договори на Израел со ОАЕ и Бахреин

Од:

Во Вашингтон со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп беа потпишани историските договори за воспоставување на дипломатски односи на Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Документите, први од таков вид меѓу Израел и земји од арапскиот свет по 26 години, ги потпишаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и министрите за надворешни работи на ОАЕ и Бахреин, Халид бин Ахмед ал Халифе и Шеик Абдулах бин Зајед Ал Нахјан.

Покрај билатералните договори, државите потпишаа и трилатерален документ, на кој како посредник во преговорите стави потпис и американскиот претседател.

Договорите, наречени „Абрахамски спогодби“, имаат историско значење бидејќи за првпат една арапска земја како ОАЕ ги нормализира односите со Израел, откако тоа го стори државата Јордан во 1994 година и Египет во 1979 година.

Одлуката на Обединетите Арапски Емирати и Бахреин за формално нормализирање на врските со еврејската држава ја одразува нивната зголемена загриженост поради заканите кои доаѓаат од Иран, сметаат аналитичарите.

За американскиот претседател Трамп, ова е уште еден дипломатски успех кој ќе му послужи во кампањата за претстојните избори на кои бара нови четири години во Белата куќа.

Неговата администрација се надева дека договорот ќе донесе поголемо регионално единство и ќе создаде максимален притисок за изолација на Техеран. Исто така, Вашингтон верува дека договорот ќе изврши притисок врз Палестинците за постигнување на нов израелско-палестински мировен договор.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД