Трансексуалката Џена Талакова која се натпреваруваше на канадскиот национален избор за Мис Универзум, не успеа да се пласира во Топ 5 убавиците кои ги одбра жирито.
Победничката ќе ја претставува Канада на меѓународниот избор за Мис Универзум во декември.
23-годишната Џена Талакова, која прво беше одбиена од канадскиот избор за Мис Универзум бидејќи беше утврдено дека е родена како машко, успеа да се пласира во потесниот избор од 12 убавици.
Сепак оваа година победник е Сахар Биниаз.