Прв случај на дете заразено со Ковид-19 е забележан во скопска градинка, потврдија од Министерството за труд и социјална политика.
Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.
Од отворањето на градинките на 9 септември беа пријавени три случаи на позитивни вработени во градинки во Скопје, Битола и Свети Николе.