Нема загадување на водата од водоводот во Кочани по истекувањето на јаловината од рудникот Саса

Од:

Редовните дневни испитувања на квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Кочани не покажуваат никакви знаци на загадување по истекувањето на јаловината од рудникот Саса во Каменичка Река и во Брегалница.

Градската водоводна мрежа црпи вода од бунарскиот систем Грдовски орман, кој со капацитет од околу 300 литри во секунда е прв и најголем таков комплекс во непосредна близина на речното корито на Брегалница, низводно од браната Калиманци.

Од комуналното претпријатие „Водовод“ информираа дека внимателно ја следат состојбата.

– Исправноста на водата за пиење од градскиот водовод на Кочани се анализира постојано, и во нашата лабораторија што е во состав на филтер станицата и во надворешна независна лабораторија со која имаме договор. Испитувањата се прават на дневна основа и примероци од водата се земаат од неколку мерни места, а заклучно со денеска воопшто нема отстапувања од пропишаните параметри. Сметам дека нема причина за паника, затоа што ова не е прво истекување на јаловината во Саса, а искуството покажува дека и претходно немало промени во квалитетот на водата за пиење. Водоводната мрежа не користи површински води, а бунарите од кои се обезбедува снабдувањето се на доволна длабочина што обезбедува сигурност, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“ – Кочани.

Во комуналното претпријатие „Водовод“ не располагаат со податоци за евентуалната загаденост на површинските извори за вода, ниту пак имаат обврска да прават нивно испитување. Согласно одредбите во Законот за води, надлежноста за тоа ја има Државниот инспекторат за животна средина кој располага со мобилна лабораторија, поради што се очекува оттаму да дадат подетални информации.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно