Ахмети и Нимиц се согласија: Сега е најдобро време да се реши прашањето за името

Од:

Али Ахмети, лидерот на ДУИ се сретна со медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, доцна синоќа во Њујорк.

Како што информираат ДУИ, Ахмети и Нимиц на работен ручек, разговарале за последните случување околу преговорите за спорот со името.

Според партијата на Ахмети двајцата соговорници се сложиле дека сега е најдоброто време да се реши прашањето за името и дека политичарите треба со храброст да превземат значајни одлуки за да ја осигураат иднината на земјата.

Во соопштението стои и дека Нимиц му се заблагодарил на Ахмети за вредните совети како и за неговата поддршка во смисол на помагање на процесот, додека Ахмети упатил апел до меѓународната заедница за поголема поддршка кон процесот на посредувачот Нимиц.

Претходно, Ахмети во претставништвото на САД при организацијата на Обединетите Нации се сретнал со амбасадорката Розмари ди Карло.

Таа порачала дека земјава ја има американската поддршка за интеграцијата во НАТО, но и дека треба да се постигне компромис со Грција околу прашањето со името што ја држи Македонија далеку од евроатлантските структури, стои во соопштението од ДУИ.

Ахмети се сретнал и со амбасадорот на Велика Британија и преставниците на француската постојана мисија во ОНН.

и од нив добил пораки дека треба ад се постигне компромис во спорот со името.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски