Најмалку осум лица беа повредени во експлозија пред избирачко место во пакистанскиот град Пешавар на кое гласале само жени.
Тоа е втор бомбашки напад на денот на историските парламентарни избори во Пакистан.
Во првата експлозија врз канцеларија на пакистанската партија Народна национална партија (Авами) во Карачи според последните информации убиени се 11 лица, а десетици се повредени.