Маричиќ: Oтворените советнички листи на локалните избори ќе бидат чекор кон една изборна единица за парламентарните

Од:

Министерот за правда, Бојан Маричиќ ќе се залага за отворени кандидатски листи, иако вели дека одлуката сепак зависи од партиите во Собранието.

„Тоа е закон кој иако се носи со апсолутно мнозинство, добрата воспоставена пракса на политички дијалог укажува на тоа дека тој закон се носи со консензус. Од СДСМ има определба за една изборна единица, но зависи од волјата на останатие. Тоа е системска промена која треба да има консензус околу неа за да можеме да ја спроведеме. Доколку сите партии или главните, клучните со најмногу пратеници во Собрание се согласат околу оваа реформа, ќе ја вградиме“, рече Маричиќ.

Тој сепак вели дека ќе може да се постигне согласност за отворени советнички листи на следните локални избори.

„Верувам дека можеме да постигнеме согласност, наредните локални избори во следниот октомври да овозможат еден степен повеќе на демократизација, а тоа е на советничките листи да се гласа со преференцијални гласови. Тоа ќе биде еден чекор напред за сосема отворени кандидатски листи и една изборна единица“, вели Маричиќ.

Според Маричиќ, директниот избор ќе значи поголема врска на избраните со нивните сограѓани, наместо силна врска и зависност само од политичките партии.

Тој на неговата прва прес конференција како министер за правда најави и ветинг во правосудството.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски