ДУИ ќе има пет заменици министри и пет државни секретари, директорските места не се поделени

Од:

Со коалицискиот партнер СДСМ договорени сме за поделбата на позициите на замениците министри, државните секретари, како и основната поделба на некои од директорските места. Но, тоа всушност не е поделба туку замена на ресорите, на пример АД Пошта со МЕПСО, Фондот на ПИОМ со ЈПДП. Се работи само за размена на директорски места за да бидеме многу попродуктивни и луѓето да дадат подобри резултати на нивните нови работни места. Нема други нови поделби на директорски места, рече вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, одговарајќи на новинарски прашања.

Груби се надева дека утре или задутре ќе ги заокружат имињата на замениците министри и државните скретари. ДУИ, како што рече, ќе има заменици министри во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за транспорт и врски, за правда, здравство или вкупно пет.

-Ќе има и пет државни секретари. Државниот секретар во министерството кое јас го раководам веќе е во процедура да почне со работа. Државниот секретар во Министерството за култура веќе е назначен од министерката за култура и другите тројца верувам дека ќе се назначат во текот на следната недела, рече Груби.

Тој вели дека сите имиња ќе бидат објавени утре, задутре или пак во наредните денови.

-Тоа што ги читав по електронските медиуми во изминитите денови се невистинити. Директорските места не се поделени. Ние имавме размена на пет директорски места со пет други директорски места, појасни Груби. Додаде дека станува збор за размена на управителите на претпријатијата со цел да се направи „освежување“ на овие директорски места, со нови идеи кои ќе дадат подобри резултати.

Груби вели дека имињата се уште не се знаат, но ќе бидат соопштени преку претставници на нивната партија, а не преку социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски