Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, која редовно ги предводи сите листи на најдобро облечени славни деца, потпишала договор вреден 1,5 милиони фунти.
Во продажба ќе се најде првата модна колекција на ќерката на неодамна разведената брачна двојка Круз-Холмс, едноставно наречена Сури. Во сето тоа ќе и помага нејзината мајка Кејти и стилистката Џејн Јанг.
Во модната линија на Сури ќе се најдат од фустани, маички, фармерки, до чевли и модни додатоци. Настанувањето на оваа модна линија е во план веќе од минатата година откако бројни модни куќи и праќале понуди на Кејти.
Колекцијата на седмогодишното девојче ќе може да се купи од оваа есен во продавниците во Њујорк. Ако овој потег се покаже како успешен, нејзиниот бренд ќе се воведе и во бројни други продавници ширум Америка.
– Има само седум години, но многу ја интересира облеката. Зад неа е тешка година, а таа неверојатно брзо се адаптираше на живитот без татко и во Њујорк. Ова е убаво хоби за нејзе. Повеќето девојки сонуваат да можат да направат своја облека. Нејзините цртежи сега ќе станат јавност – рекол неименуван извор.