Во земјава 1920 активни случаи со Ковид-19, меѓу заразените и вработени во градинки

Од:

Во изминатите 24 часа регистрирани се 140 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на активни случаи во земјава се искачи на 1920. Најмногу заболени се уште има во Скопје и Куманово, а од вчера почнаа да се забележуваат нови случаи и низ неколку градинки во државата, и тоа по само три дена од нивно отворање.

Според извештајот на Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 15694. Бројката на оздравени пациенти е 13128, а починале вкупно 646 лица.

Досега, во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на Ковид -19.

Од направените 1507 тестирања во текот на вчерашниот ден, најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 43, потоа во Куманово со десет новозаболени, Штип – 4, Прилеп – 9, Тетово – 12, Струга – 7, Гостивар – 9,  Струмица-11, Кочани-5, Свети Николе – 3, по еден во Охрид, Крива Паланка и Македонски Брод, по двајца во Велес, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Ресен и по тројца во Дебар, Битола, Кавадарци и Виница.

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден има регистрирано 134 оздравени, а четири починати лица.

Во Скопје преовладува бројот на активни случаи, и тоа најмногу во Чаир со 52 случаи, потоа во Гази Баба – 71, Аеродром – 99, Карпош – 66, Центар – 72, Кисела Вода – 53, Ѓорче Петров – 33, Бутел – 36, Шуто Оризари – 12, Студеничани – 11, Сарај – 17, Арачиново – 8, Илинден – 11, Сопиште – 4, Чучер Сандево – 2, Петровец – 4 и Зелениково – 1.

Вирусот почна да се шири и во градинките. Заклучно со вчерашниот ден, регистрирани се позитивни случаи во градинките во Скопје, Битола и Свети Николе.

Од Министерството за труд и социјална политика вчера информираа дека се работи за заболена вработена во градинката  Мајски Цвет – Битола  – објект „Коца Василевска“. Во другиот случај се работи за вработена во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

Во однос на првиот случај, од страна на КЗБ остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група.

Од Министерството посочија дека согласно проценките на КЗБ, нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно 17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката.

За сите пет деца кои биле во групата на вработената позитивна на Ковид-19, даден е предлог за здравствен надзор заклучно со 23 септември. Во однос на оваа градинка, потенцираат од Министерството, се преземаат сите мерки за дезинфекција на објектот и просторијата во градинката.

-Вториот случај, се работи за вработена во градинка ЈУДГ на О.Ц ,,Раде Јовчевски Корчагин“, која од 9 септември не е на работно место и нема контакт со прием на деца во период кога градинките почнаа со работа, прием на деца и згрижување. Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот, доколку до недела 13 септември не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник, велат од МТСП.

Исто така и вработената во детска градинка „Рахилка Гонева“, Клон 1 во Свети Николе е позитивна на КОВИД-19, покажаа и официјалните резултатите од тестирањето. Поради тоа што имала симптоми на коронавирусот, во средата вратите на овој објект не беа отворени за 110 деца.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски