Притвор од 30 дена за осомничениот за убиството на сопругата во Гостивар

Од:

Единствениот осомничен за суровото убиство на жена пред два дена, попладнево е спроведен во затворот КПУ Скопје во Шутка. На Бајрам И. (67) од Гостивар, судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Тој се соочи со кривична пријава за убиство.

По осомничениот Бајрам И. полицијата трагаше повеќе од триесет часа и вчера попладне го обезбеди во акција на локален пат помеѓу гостиварските села Страјане и Трново. По лишувањето од слобода, тој беше задржан во полициска станица Гостивар, каде по сослушувањето, денес беше изведен пред судија на претходна постапка со кривична пријава за убиство.

Гостиварецот, непосредно по откривањето на телото на неговата сопруга исчезнал и според пријавата бил единствен осомничен за убиството.

Настанот ја вознемири гостиварската јавност, најмногу поради жестокоста и начинот на кој е извршено убиството. Јавното обвинителство информира дека шеесетгодишна Џ.И. била најдена мртва со соба од семејната куќа со повеќе рани нанесени со секира и нож.

Според првичните информации, до трагедијата дошло по настаната расправија поради нарушени меѓусебни односи.

Би можело да ве интересира

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски