Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси ќе ја носи капитенската лента во каталонскиот клуб во сезоната 2020/2021, објави Ел Мундо Депортиво.
Резерви на Аргентинецот ќе бидат Серхио Бускетс, Жерард Пике и Серхи Роберто. Тројцата ќе бидат заменик-капитени на Барса веќе трета сезона по ред.
По крајот на минатата сезона, Меси ја извести Барселона за желбата да го напушти „Камп Ноу“, искористувајќи ја опцијата во договорот што му овозможува бесплатно да замине. Сепак, клубот одби да го ослободи, велејќи дека оваа опција е веќе истечена.
Шесткратниот освојувач на „Златната топка“ одлучи да не го тужи клубот каде ја помина целата своја кариера.
На 7 септември го одржа првиот тренинг кај новиот тренер Роналд Куман.