Заев останува во игра, но бара да престанат дворските игри

Од:

Зоран Заев на Ивршен одбор вчера се заканил дека нема да поднесе кандидатура за лидер на СДСМ доколку не се средат состојбите и постапката за избор на лидер на конгресот закажан за 2 јуни. Партиски извори за А1 велат дека Заев ова го направил за да престанат дворските задкулисни игри кои создаваат негативна атмосфера и конфронтација во партијата.

Заев сака по Конгресот во неговата партија да се создаде славеничка атмосфера за да излезе партијата обединета и посилна. Нашиот извор објаснува дека Заев не ја повлекол кандидатурата како што тврдеа дел од медиумите затоа што кандидатурите не се ни поднесени.

Според роковникот на партијата 15 мај е последниот рок кога ќе биде познато кој ќе влезе во трка за претседателското место во опозициската СДСМ.

Со ова според многумина најсериозниот кандидат за претседател на СДСМ му праќа порака на Црвенковски дека не треба да ги подгрева игрите во партијата и треба да остави да се одвиваат фер избори.

Нашите извори велат дека Заев ја имал поддршката се до моментот кога објавил дека ќе биде кандидат но една од причините за ова е и нетрпеливоста меѓу Радмила Шеќеринска која јасно кажа дека го поддржува Заев и директорот за комуникации на СДСМ Наташа Савова. Денеска Шеќеринска беше во Струмица на разговори со Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема