Вонбрачната ќерка на Алберт Втори ги бара своите права на суд

Од:

Вонбрачната ќерка на поранешниот крал на Белгија, Алберт Втори, ги бара истите права и титулите што ги имаат законските деца на нејзиниот татко.

Уметницата Делфин Боел својот процес го поведе пред суд во Брисел. Адвокатот на поранешниот белгиски крал рече дека таа може да ја добие титулата принцеза само со кралски декрет, а не со судска одлука.

Алберт Втори во јануари годинава призна дека е татко на Делфин Боел, откако го оспоруваше нејзиното тврдење повеќе од една деценија.

Мајката на Делфин, баронесата Сибил де Селис Лонсан, тврди дека таа 18 години била во врска со Алберт, пред тој да биде прогласен за крал.

Гласините за вонбрачно дете на поранешниот белгиски крал првпат се појавија 1999 година, во оспоруваната биографија напишана од неговата сопруга, кралицата Паола. Делфин Боел првпат изјави дека кралот Алберт Втори е нејзин биолошки татко во интервју во 2005 година. Сепак, таа не ги побара своите права до 2013 година, кога нејзиниот татко абдицираше, губејќи го правото на имунитет од гонење.

Поранешниот белгиски крал Алберт Втори одбиваше ДНК-тестирање за утврдување татковство според одлуката на судот. Тоа, сè додека тој не беше казнет со пет илјади евра на ден за натамошно одложување на наложениот тест.

Во јануари годинава, 86-годишниот поранешен крал на Белгија, како што изјави – врз основа на резултатите од ДНК-тестовите, ја призна Делфин Боел како свое четврто дете.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски