Казнени поени за возачите во Формула 1

Од:

Формула 1 тимовите го усвоија новиот систем на казнување кој на сила ќе стапи од следната сезона. Според новиот систем, казнени поени ќе се доделуваат со или наместо традиционалните казни, јави агенцијата „Макфакс“. На секој возач ќе му биде дозволено да направи 12 казнени поени во рок од 12 месеци, а доколку добијат повеќе од 12 казнени поени тогаш ќе бидат суспендирани на една трка.

Седум тимови го поддржале новиот систем, додека ред Бул, Лотус, Вилијамс и Торо Росо биле против. Новите прописи не мораат да бидат одобрени од страна на Комисијата на Формула 1, поради отсуството на Конкорд договорот, кој дополнително ќе биде потпишан.

Засега не е познато на кој начин ќе бидат доделувани казнените поени. Се претпоставува дека во случај на предизвикување на судар на возачите ќе им се доделуваат по три казнени поени. Во случај на помали прекршоци, како на пример пребрзо возење низ пит-стопот, казната ќе биде еден поен. Првенството во Формула 1 ќе продолжи викендов по тринеделна пауза. На патеката Каталуња ќе се вози трката за Големата награда на Шпанија.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он