На Лазар Темелков, презентерот на вести на Алфа ТВ, на 30-ти април му заврши работниот договор со телевизијата.
Тој е на малите екрани на Алфа од самиот почеток на нејзиното основање.
– Лекарите ме советуваа два месеци да мирувам поради општа исцрпеност на организмот. Ќе почекам да помине тој период, сакам да закрепнам па ќе видам за понатамошниот работен ангажман – вели Темелков за „Плусинфо“.
Со здравствени проблеми Темелков се соочува уште од почетокот на годината, а тоа беше злоупотребено од медиумите кои неосновано тврдеа дека во алкохолизирана состојба ја водел изборната програма на Алфа, што подоцна беше демантирано.