ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ за утре најави нов протест, со коли ќе го блокира центарот на Скопје

Од:

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција најави нов протест во Скопје против поскапувањето на струјата, со блокада на крстосницата кај „Палома Бјанка“ и на улицата пред Регулаторната комисија за енергетика.

Во исто време, Јанушев ја обвини власта дека доделила државен тендер на бизнисменот Силјан Мицевски, кој јавно кажал дека е финансиер на СДСМ.

Еве го интегралниот текст од изјавата на Јанушев:

„Поминаа дваесетина часа од протестот против поскапувањетона струјата на која ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и граѓаните побараа неколку работи.

Прво поевтина струја и секако професионализација на регулаторната комисија и оставка на партиските инсталации во комисијата на чело со претседателот Марко Беслимоски.

Имаме апсолутен молк од владата, Зоран Заев и неговите инсталации во Регулаторната комисија.
Зошто е таков отпорот од власта и мафијата на Заев во однос на нашите барања за покачување на цената на струјата? Имаме молк затоа што имаат бизнис интерес од тоа.

Еве и како.

Вчера бизнисменот Силјан Мицески јавно кажа дека бил финансиер на СДСМ. Тоа никаде го нема во финансискиот извештај на СДСМ. Но затоа истиот ден кога тоа го кажа се појави овој документ.
Ова е Договор за коп на јаглен со РЕК Битола вреден 6 милиони и 250 илјади евра. Значи, финансиерот на СДСМ кој сам си кажува дека ги финансирал, а притоа никаде го нема тоа во извештајот на партијата, си добил работа од 6 милиони 250 илјади евра од РЕК Битола за ископ на јаглен.

Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси.

Затоа, ние продолжуваме со протест и утре пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот, еден час со автомобили ќе ја блокираме раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.
Протестот ќе започне пред Палома Бјанка. Овој протест е насочен кон владата и Мафијата. Поскапата струја значи посиромашен народ“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: На повеќе места пожарите се подметнати, истрагата води до лица блиски до опозицијата

А1он

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 95,91 евра за мегават час, на МЕМО 86,07 евра за мегават час

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата

Горан Наумовски