Британската Амбасада повлекува времено дел од персоналот во Либија заради нестабилната политичка ситуација и заканата од судири меѓу завојувани групи во Триполи, се вели во соопштение на сајтот на Амбасадата.
Во соопштението се додава дека со оглед на политичката нестабилност која трае извесно време, Амбасадата привремено повлекува дел од персоналот.
Британски извор изјави за западни медиуми дека мерката засега само персонал, кој не е од суштинско значење.