Монах од Рилскиот манастир заразен со коронавирус

Од:

Монах од Рилскиот манастир во Бугарија бил примен пред неколку дена во софиската болница „Пирогов“ со симптоми на Ковид-19, по што болеста била потврдена и со тест, пренесе БГНЕС.

39-годишниот архимандрит Макариј, кој почувствувал симптоми откако патувал во Грција, првично бил во болницата во Благоевград, од каде подоцна е пренесен во Софија.

Неговата здравствена состојба се влошила по престојот во Грција, кога почувствувал силни болки во градите, а бугарските медиуми пренесуваат дека тој има пневмонија, но и дека не е на респиратор.

Во моментов, во Рилскиот манастир нема регистирано други заразени, информираа здравствените власти. Во комплексот се вршат редовни дезинфекции, а манастирот е отворен за верници во согласност со пропишаните мерки.

Во јуни, за неносење заштитна маска при посета на Рилскиот манастир, бугарскиот премиер и неговата придружба, како и дел од новинарите кои го следеа Бојко Борисов,  беа казнети со глоба од 300 лева (150 евра).

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна