ВИДЕО: Голем пожар во Бејрут, се запали склад за гуми во бесцаринската зона на пристаништето

Од:

Склад за нафта и гуми се запали во либанскиот главен град Бејрут, засега нема информации за повредени и жртви од големиот пожар.

Огнот изби во бесцаринската зона на пристаништето, а потоа огромен црн чад се издигна на небото.

Граѓаните кои беа сведоци на настанот, сè уште се трауматизирани поради експлозијата од 4 август, во која загинаа околу 190 лица, а повеќе од 5 илјади беа повредени.

Либанската армија соопшти дека сè уште не е позната причината за пожарот, наведувајќи дека испратила хеликоптери за да го стават огнот под контрола.

Шефот на либанскиот Црвен крст рече дека засега нема опасност од нова експлозија и информираше дека нема повредени.

Тој, сепак, истакна дека некои луѓе имале потешкотии при дишењето поради настанатиот пожар.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес